3d9fb5ec-5b39-4aca-9013-f8c4dcf367911e5997ca-bd96-47e4-863f-084cd1b5aaa6

Ова е една поубавите апликации што може да се најде на сеуште недоволно развиената продавница за апликации на Windows Phone. Апликацијата е едноставна, ви дава детали во врска со временската прогноза. Она што ја разликува од останатите слични апликации е убавината на дизајнот. Со апликацијата доаѓаат слики во висока резолуција кои што го отсликуваат моменталното време. Доколку надвор е сончево вие ќе гледате убаво направена слика од сонце и природа. Доколку времето е врнежливо вие ќе гледате слика од дожд. Доколку сакате можете да ја вклучите и анимацијата на овие слика, па покрај тоа што времето ќе биде преставено со овие прекрасни слики, истите ќе бидат збогатени со движење и звук.

Се разбира оваа апликација покрај убавиот начин на претставување на временската прогноза, доаѓа и со голем број на информации, функционалности и можност за уредување на истата како што вие сметате дека е најдобро.

Новата верзија ги носи следните подобрувања:

  • Можност да ја исклучите задната страна од Live tile
  • Нови и подобрени Live плочки
  • Локализирање на градовите за кои што се прикажува прогнозата
  • Часот е прикажан во временската зона во која што се наоѓате

Доколку веќе не ја користите оваа апликација, ви препорачувам да ја симнете на следниот линк и да ја испробате. Истата ќе ве чини 1,99$, а достапна е и помала бесплатна верзија.

http://www.windowsphone.com/en-us/store/app/amazing-weather-hd/c7ac43c5-5d99-4e65-913d-e92e253e9e99

Претходна статијаYouTube за Android верзија 5
Следна статијаНеофицијално “Излезена во јавноста” верзија на Windows 8.1 build 9471. Донесува одредени подобрувања и редизајн на апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.