Your Phone од Microsoft е одлична апликација која ви овозможува да го оставите вашиот мобилен телефон на масата и додека работите на компјутерот, се што е поврзано со телефонот да го контролирате преку вашиот компјутер.

Преку оваа апликација веќе се достапни известувањата од телефонот, SMS пораките со можност за испраќање, правење на аудио телефонски повици, гледање на екранот од телефонот и негово целосно користење со глувчето.

Во април Your Phone апликацијата доби можност за контрола на музиката на телефонот, односно оние апликации кои при нивно пуштање, ги вклучуваат контролите за музика во центарот за известувања на Android.

Корисниците можат да изберат и од повеќе апликации кои се пуштени, а контролите слични како тие на Android, ќе се појават на долниот лев агол од Your Phone апликацијата на Windows 10.

Оваа нова можност во април сепак беше пуштена само на Insider корисниците, па сега истата им е достапна на сите корисници. За да можете да ја користите треба да имате Android телефон со 7.0 или понова верзија од оперативниот, како и Windows 10 October 2018 Update.

За разлика од одредени функции на Your Phone, оваа функционира на сите Android телефони, а не само на тие од Samsung.

Инаку, ова е одлична можност доколку на работа, на пример, се поврзувате на безжичен звучник и пуштат музика. Сега за да промените или паузирате песна, веќе не мора да го зимате вашиот телефон.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаКако другите земји го промовираат автогасот
Следна статијаDropbox ќе понуди сопствено решение за сигурно чување и пополнување на лозинки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.