Mozilla го забрза процесот на пуштање на нова верзија од Firefox пред повеќе години следејќи го Google со нивниот Chrome. Во тоа време таа одлука беше критикувана и означена само како начин да се следи Google.

Процесот Mozilla го „олабави“ делумно кога од 6 недели, се префрли на 6 до 8 неделен процес, време во кое сите верзии од прелистувачот добиваат нова верзија.

Поради можноста да на пазарот се пуштаат нови функции побрзо, од Mozilla сега решија да Firefox добива нова верзија на секое 4 недели, што е прилично брзо, но и одлично за корисниците кои сакаат новите функции кои во последно време ги има доста, побрзо да ги добиваат.

Новиот временски период важи за сите верзии од Firefox, освен тој наменет за компаниите, односно ESR – Extended Support Release, кој ќе продолжи да добива нови верзии еднаш годишно. Сепак, помалите верзии од ESR исто така ќе бидат забрзани, но поради фактот што генералната верзија не е променета, не би требало да биде проблем за администраторите.

Префрлувањето на побрз процес на надградби ќе почне постепено оваа година, со намалување на времето, по што од првата четвртина на идната година ќе се започне официјално со 4 неделниот период.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаКупи dry-fit маица од Skopje Run 10K и #ЗасадиВоздух во Скопје
Следна статијаAndroid Go надграден на десеттата верзија од оперативниот систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.