Фото: TechCrunch

Откриена како дел од кодот на Messenger се крие нова функција која може да стане официјален дел од апликацијата. Се работи за можноста корисниците да цело време го споделуваат нивниот статус, односно што е тоа што го прават, каде се наоѓаат и слично.

Оваа функција е слична, ако не и иста, како таа кај новата апликација од Instagram, Threads која им стана достапна на корисниците во октомври минатата година. Кога е вклучена, оваа функција со избраните пријатели, значи не со сите, споделува информации како во движење, во теретана, на прошетка, на кафе и слично.

Истата можност се гледа во кодот на Messenger, откриена од страна на веќе познатата програмерка Џејн Манчун Вонг.

Исто како во случајот со Threads, Messenger нема да ја споделува точната локација на корисникот, како ни имиња на локали. Статусот само ќе го покажува типот на локација или активност, со што на нивните пријатели ќе им овозможи да добијат претстава што прави тој корисник.

Ваквите функции се сметаат за корисни поради тоа што како корисник можете да ги известувате вашите блиски пријатели што е тоа што во моментот го правите, па тие да знаат дали и што да ви пишат. Статусот дури се менува и кога батеријата на телефонот е празна, односно се полни.

Не е познато дали оваа функција би била пуштена во Messenger, а според кратката информација од Facebook, тие уште не ја ни тестираат. Тоа значи дека сепак може и да не биде пуштена, но штом веќе е вклучена во кодот, може сепак да се смета дека шансите се добри тоа да се случи.  

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статија#ОстанетеДома, вежбајте со Неотел и CROSSFIT Скопје и #ОстанетеЗдрави
Следна статијаЏон Красински од „The Office“ отвори YouTube канал за добри вести
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.