marko-beta

MarkO – Паметниот потсетник што ви помага да не ги заборавите секојдневните обврски, денес ја објави својата прва јавна бета верзија.

По неколку месеци поминати со своите 200 тестери во приватната бета верзија, тимот на MarkO денес ја објавија својата прва јавна бета верзија. Оваа нова верзија на MarkO е резултат на feedback-от добиен од страна на досегашните корисници и тестери и се состои од нови функционалности на апликацијата, елиминација на грешките и баговите и секако подобрување на корисничкото искуство.

Новата бета верзија вклучува:

  • Полесен процес на најавување

Сега корисниците на MarkO ќе имаат неколку можности за најавување во апликацијата, како и можност за креирање на задачи без најава, се до моментот кога корисниците ќе сакаат да ја споделат истата. MarkO сега ќе ви овозможува најава со вашиот MarkO профил, најава со вашиот Facebook профил како и можност за креирање на MarkO прифил доколку сеуште немате.

  • Можност за најавување со вашиот Facebook профил

Новата јавна бета верзија овозможува најава со вашиот Facebook профил, со цел полесно да се логирате на MarkO и да го избегнете делот со креирање на нов профил.

  • Нова функционалност – временски потсетници

Со оваа нова финкционалност, MarkO нема никогаш да ви дозволи да заборавите на вашите дневни обврски. Сега можете да го поставите точното време кога ќе сакате да бидете потсетени. Исто така, сега ќе можете да поставувате два различни типа на потсетници за секоја задача: локациски базирани потсетници и временски базирани потсетници. Доколку имате поставено временски базиран потсетник, во картичката на вашата задача ќе ви се појави икона со часовник. Иконата има три бои (црвена, жолта и зелена) во зависност од тоа колку време ви преостанува за да ја комплетирате задачата.

  • Шпанска и Турска локализација

Со јавната бета верзија, MarkO е достапен за сите кои се заинтересирани да бидат меѓу првите што ќе ги дознаат неговите нови функционалности и ќе бидат дел од неговата банда. Доколку сте заинтересирани за волонтирање и тестирање на апликацијата, истото можете да го направите на следниов линк www.marko.rocks/get-beta.

Кратко потсетување за MarkO:

MarkO претставува локациски базиран потсетник што ќе ви помогне никогаш да не ги заборавите вашите секојдневни обврски. MarkO е фокусиран на локацијата каде што можете да си ги завршите обврските. Ве потсетува за вашата обврска на еден пријателски начин, со испраќање на потсетници кога сте во близина на локациите каде што можете да ги завршите. По барање на корисниците, во новата јавна бета верзија додадена е и можноста за временски потсетници. MarkO исто така ви овозможува и да ги споделувате вашите секојдневни обврски со своите пријатели со цел да си ги олесните обврските што ги носи секој ден. Достапен е бесплатно за Андроид паметните телефони и часовници. Неодамна, MarkO ја доби и својата прва инвестиција од светски познатиот акцелератор Rockstart од Холандија.

Преземете ја MarkO од Play Store.

Претходна статијаСувиот мраз потенцијален извор на енергија и транспорт на Марс
Следна статијаCoffee In – Македонска Android апликација за љубителите на кафе