logo-foundry-logo

Logo Foundry е апликација достапна на Android и iOS и е наменета за како што кажуваат нејзините програмери, креирање на професионални логоа. Тоа ќе го ставиме под знак прашалник, но оваа апликација дефинитивно може да се најде како одлична алатка за стартап кој се’ уште не може да плати за дизајнирање на професионално лого.

Како што би очекувале, користењето на апликацијата не бара поседување на големи дизајнерски способности, односно функционира на основа на готови темплејти, фонтови, ефекти и слично.

Апликацијата вклучува повеќе од 3.000 симболи, икони, форми организирани во категории. Исто така, достапни се и повеќе можност за прилагодување на текстот, слоеви и повеќе.

logo-foundry-screens

Логото се креира преку комбинација од сите овие достапни елементи, по што може да се направи експорт во повеќе формати.

Logo Foundry е достапна на соодветните продавници за апликации, а можете да ја симнете и преку следните линкови:

Симни ја Logo Foundry од Play Store

Симни ја Logo Foundry од AppStore

Извор: Logo Foundry

Претходна статијаКина презентира нови автобуси кои ќе возат над автомобилите за справување со гужвите
Следна статијаIBM создаде макромолекула која потенцијално може да го уништи секој вирус
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.