Компанијата The Document Foundation го претстави последното големо софтверско надополнување на канцеларискиот пакет Libre Office. Новата 6.0 верзија е достапна за корисниците Windows, macOS и Linux, а новини допрва ќе следуваат и за Android корисниците.

Новитетите се насочени кон полесно користење на софтверскиот пакет, односно преземање на дел од клиентелата на Microsoft-овиот Office. Од компанијата не го кријат ваквиот став, напротив истиот го промовираше еден од основачите Итало Вињоли.

Што се однесува до корисничкиот аспект, постигната е целта Libre Office да наликува на Office. Навигирањето низ самите програми е значително поедноставено. Софтверот за препознавање правописни и граматички грешки е унапреден. Понатаму основните димензии на програмот се приспособени на модерниот 16:9 сооднос. Кон тоа се прилагодени и урнеците за презентации и сличен материјал, каде се додадени и 10 нови т.н. templates.

На сето ова се надоврзуваат и низа помали измени од практична примена. Важно да се напомене е дека пакетот е осмислен да биде користен како интерна алатка на големи компании. Далеку од она што Microsoft го има како улога на пазарот. А тоа секако е комерцијална употреба до степен да не постои човек кој барем еднаш нема користено некој од нивните продукти.

Компанијата се уште работи на развој на подобрувањата во делот на Android корисниците. Софтверските надополнувања за нив ќе доцнат извесен период. Како компензација е понудена Cloud верзија која дели голем број особености со интерфејсот на desktop варијантата.

ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаКонечно има јакна за оние на кои нон стоп им е ладно
Следна статија[ДИСКУСИЈА] Жени во ИТ: Дали доволно ги мотивираме девојките да учат програмирање?