lastpass-edge

Една од најважните работи, ако не и најважната, за Microsoft Edge да добие барем шанса да им конкурира на двата најпознати прелистувачи е достапноста на екстензиите, односно додатоците кои ја прошируваат функционалноста на прелистувачот.

Поддршка за екстензии Edge доби пред извесен период, но само за Insider Preview верзиите од Windows 10, а за сите корисниците ќе бидат достапни од ова лето, по пуштањето на таканаречената Anniversary надградба на оперативниот систем.

Оваа недела на Edge стана достапна една од најважните екстензии, а тоа е LastPass екстензијата од овој познат сервис за чување и генерирање на сигурни лозинки.

Екстензијата ги вклучува сите функции кои се достапни на другите интернет прелистувачи, односно достапно е автоматско пополнување на полињата со зачуваните лозинки и други информации, генерирање на сигурни лозинки и слично.

lastpass-edge-1

Доколку сте корисник на Insider верзиите од Windows 10, односно поновите верзии кои ја вклучуваат поддршката за екстензии на Edge, LastPass можете да ја инсталирате преку Windows Store, односно преку следниот линк.

Извор: LastPass

Претходна статијаTEDx – Дали технологијата може да ги реши најголемите човекови предизвици?
Следна статијаFacebook преку апликацијата ве слуша што правите, слушате и гледате?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.