Shutterstock.com

Instagram веќе еднаш се обиде да претстави посебна апликација само за разговори помеѓу пријателите, Direct, меѓутоа истата беше откажана уште во тест фазата. Новиот обид се поврзува и со популарноста на слична функција кај Snapchat, апликација која од Facebook ја „копираат“ изминатите години.

Threads е нова апликација за чие тестирање информираат од The Verge. Тие ги имаат информациите и врз основа на нив ја имаат направено пример сликата, но вистински слики од апликацијата уште нема.

Според тие информации, Threads треба да биде апликација за пораки, но само со пријателите кои на Instagram се ставени на листата на блиски пријатели. Со нив корисниците ќе може да разговараат, да испраќаат слики и видеа, а ќе може да се гледаат и Stories директно од оваа апликација.

Посебна функција која се издвојува, а исто така е слична со популарна функција на Snapchat, е можноста за континуирано и автоматско споделување на статусот на корисникот. Статусот на корисникот значи споделување на локацијата, брзината на движење, како и состојбата на батеријата. Со тоа пријателите секогаш ќе знаат дали некој е во движење и колку е достапен за разговор.

Покрај автоматското споделување на статусот, корисниците ќе можат и самите да го постават од листа со активности која ќе им биде достапна.

Илустрација од The Verge

Овие функции во главно се покажуваат како доста популарни кај помладите корисници, па можеби за некого идејата за константно споделување на локација и слични информации е непотребна и чудна. Сепак, сервисите се креираат врз основа на популарноста, па очигледно од Instagram сметаат дека има интерес за вакво нешто.

Дали и кога Threads би биле официјално претставена, нема информации, а не се исклучува можноста истата да биде откажана исто како Direct.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаDell ги претстави првите Chromebook лаптопи кои се наменети за компаниите
Следна статијаНад 30 говорници и панелисти на Балкански претприемачки самит во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.