Instagram преку својот блог најави дека во наредните неколку недели ќе тестира нова поставеност на профилните страни на корисниците. Новата поставеност вклучува промена во иконите, копчињата, како и начинот на којшто се прави навигацијата на посебните делови од профилот.
Од компанијата истакнуваат дека нивната цел е да се добие повеќе чиста и лесна навигација низ профилите, а со тоа корисниците ќе добијат подобар начин да се изразат себеси и да се поврзат со другите корисници.
Како што може да се види на примерот од насловната слика, профилната слика е поместена на десната страна, додека повеќе информации за корисникот се поставени на левата. Копчињата за следење и пораки, а во случајот за бизнис профилите, копчињата за повик, имејл и насоки, се поставени под сликата и информациите и тие се подобро истакнати.
Промена има и во листата на пријатели, односно профили кои се следат и ги следи корисникот, а додаден е и дел за заедничките пријатели.
Промените како и секогаш, ќе бидат тестирани, по што ќе бидат воведени во некоја форма за сите корисници, доколку тестот не покаже повеќе негативни реакции.