Откриен од страна на програмер, код во Instagram апликација открива мала промена која може да се очекува во иднина од оваа мрежа. Stories, една од најпознатите и најмногу користени функции на Instagram, можно е да добие промена која нивното разгледување ќе го направи во вертикална форма, наместо во сегашната хоризонтална.

Ова може да делува како неважна и мала промена, но кога ќе се земе во предвид колку време се поминува во разгледувањето на Stories, дури и една ваква промена може да влијае на корисничкото искуство.

Од Instagram истакнуваат дека оваа промена не е во тест фаза, што значи дека има време до нејзиното воведување или можеби истата нема да се тестира, па само ќе биде воведена, со оглед на тоа дека не се работи за голема промена.

Промената на прикажувањето на Stories од хоризонтално во вертикално, покрај унифицирањето со повеќето делови од апликацијата, ќе го приближи овој дел и до новата Reels функција која уште не е достапна во нашата земја.

Instagram ги воведе Reels како одговор на TikTok, апликација која направи огромен успех со нивните кратки видеа, збогатени со ефекти, музика и слично.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЗагадување на воздухот и КОВИД-19 на Западен Балкан: Несреќата никогаш не доаѓа сама
Следна статија„Арена Спорт“ каналите отсега достапни и за корисниците на „НЕОТЕЛ“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.