Nametag или ознака со име, е новата функција на Instagram која е наменета да го олесни додавањето на нови корисници кои се запознаваат во живо. Истата овозможува скенирање на ознаката со камерата, по што се прикажува профилот на корисникот, наместо негово барање преку внесување на текст.

Nametag може да се најде со притискање на трите линии во горниот десен агол, при влегување во сопствениот профил. Од тука може да се менува изгледот на ознаката, со притискање на самата ознака, како и на копчето кое се наоѓа на горниот дел. Промената на изгледот може да се направи со избор од повеќе бои, стикери, како и стикери ставени на селфи слика.

Од овој дел може да се вклучи и камерата да се скенира друга ознака, а истото може да се направи преку специјално додаденото копче во Explore делот, како и преку вклучување на камерата на стандардниот начин преку апликацијата.

Овој начин на додавање на нови пријатели на мрежата е одличен и за ситуации кога сте во гласна околина, па не можете баш најдобро да го слушнете корисничкото име на новиот пријател за да го најдете. Ознаките исто така може да бидат споделени, па да бидат испратени преку некоја друга апликација.

Покрај Nametag, Instagram започна со тестирање на училишни заедници, како еден начин на поврзување на учениците од училиштата и универзитетите. Овој тест за почеток е достапен само во САД.

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаЕлон Маск се подбива со Комисијата за хартии од вредност преку Twitter
Следна статијаНа 19 октомври започнува новата сезона 2018/19 на Меѓународниот натпревар по програмирање организиран од Мусала Софт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.