Не знам колку често доаѓате до „крајот“ на вашата Instagram листа со новости, која од 2018 е означена со „You’re All Caught Up“, но ако тоа сепак ви се случува, сигурно овие денови се чудите што е тоа што мрежата ви го прикажува потоа.

Instagram реши да го задржи вниманието на корисниците да останат дополнително на мрежата, а тоа ќе го прави со новата функција наречена „Suggested Posts“. Овие предложени објави ќе се прикажуваат во продолжение кога ќе стигнете до последната објава од последните два дена, односно по „You’re All Caught Up“ делот.

Во овој дел, односно предложените објави ќе бидат од профили кои не ги следите, а исто така ќе се прикажуваат и реклами.

Профилите, односно објавите кои ќе бидат прикажувани нема да бидат истите со тие од Explore делот, кои се наменети да откриете нешто ново, туку ќе бидат соодветно избрани врз основа на тоа што го следите и го „лајкувате“.

На овој начин и кога ќе видите се што е објавено од вашите пријатели и останатите профили кои ги следите, ќе можете да продолжите да гледате други слични објави и можеби ќе наидете на нешто што исто така ве интересира, а нема да ја исклучите апликацијата која и така веруваме дека доста често ја користите.

Ова е интересно како новина од страна на Instagram, па и Facebook како сопственици на мрежата, поради тоа што пред 2 години кога беше воведена „You’re All Caught Up“ функцијата, имаше за цел да ги мотивира корисниците да не листаат без престан и да не ја исклучуваат апликацијата. Тоа беше време кога компаниите почнаа да ги воведуваат нивните функции од таканаречената „Digital Wellbeing“ иницијатива, но изгледа толку од неа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНовата верзија од Firefox за Android официјално ја замени досегашната
Следна статијаSamsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.