Shutterstock.com

Темните теми се можеби едни од најмногу популарните делови од корисничкиот интерфејс изминатите година до две. Покрај тоа што голем дел од апликациите добија темна тема, оперативните системи исто така овозможија темни делови од својот кориснички интерфејс, а повеќето апликации се поврзани со овој режим за тие автоматски да се вклучат кога тоа ќе се направи на системот.

Instagram е најновата апликација од познатите за која се најавува ваква поддршка. Од апликациите на Facebook, во чија сопственост е Instagram, досега само Messenger доби темна тема, а истата се најавува и за главната Facebook апликација.

Информацијата дека Instagram ќе добие и тестира темна тема за својата апликација доаѓа од Android Police и големиот број на корисници кои им го имаат пријавено ова. Темната тема е достапна кај ограничен број на корисници на бета верзија од апликацијата и истата се вклучува автоматски кога е вклучена темната тема на оперативниот систем.

Првиот информации беа дека поддршката е само за Android 10, но сепак дел од пријавите дошле и од корисници на Samsung телефони со Android 9.

Темната тема во главно е популарна поради естетски причини, но во изминатите година дена излегоа доста информации за тоа дека оваа тема е повеќе пријатна за очите во ноќни услови, а исто така ја штеди батеријата на уредите со OLED екран.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаУште едно „hands on“ видео од Google Pixel 4 XL ни го прикажува целосно овој телефон
Следна статијаWindows 10 May 2019 Update конечно спремна за пуштање кај сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.