Shutterstock.com

Google изминатиот период има тргнато 600 апликации од Play Store продавницата на Android, а нивните програмери ги има блокирано од платформите за реклами и заработка. Причината за ова е едноставна. Овие апликации правеле се што можат за да им ги „наметнат“ рекламите на своите корисници.

Некои од овие апликации оделе до таму што рекламите ги прикажувале дури и кога апликацијата не се користела во моментот.

Од Google истакнуваат дека има ситуации кога реклами ненадејно се прикажуваат на целиот екран кога корисникот се обидува да одговори на телефонски повик, кога сака да го отклучи својот телефон, па дури и кога користи навигација преку некоја од апликациите со мапи.

Ова секако дека е нешто што не би требало да е дозволено, а од компанијата добро истакнуваат дека на овој начин се прави штета не само на корисниците, туку и на огласувачите и маркетинг агенциите.

Според BuzzFeed повеќето од овие апликации се од Кина, Индија и Сингапур, а дел од имињата се и веќе одамна познати за корисниците.

Од Google исто така истакнуваат дека програмерите стануваат се повеќе способни и креативни во „измамата“ на системот за заштита и откривање на вакви реклами. Сепак, од Google со помош на вештачката интелигенција, успеваат да ги откријат овие апликации.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung по грешка им пушти „1“ известување на корисниците на Galaxy телефоните
Следна статијаА1 Македонија за деловните корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.