google-photos-icon

Со претставувањето на новата верзија од Photos на Android уредите, Google ја направи оваа апликација централното место за менаџирање и зачувување на сликите за корисниците. Оваа апликација доаѓа и со навистина корисен концепт за зачувување на сликите автоматски во облакот и тоа неограничен број од нив доколку се дозволи да бидат компресирани од Google во помала резолуција.

Корисниците исто така ја имаат можноста сликите да бидат зачувани во нивната оригинална резолуција, но тогаш ќе се сметаат како дел од просторот за складирање достапен на корисникот во Google Drive.

Од оваа недела Google Photos добива нова функција која што ќе им овозможи на корисниците со недоволен простор за складирање на сите работи кои што би сакале, да ослободат дел од тој простор, односно барем тој зафатен од сликите на уредот.

Се работи за додатна опција во Settings која што овозможува бришење на сите слики од уредот кои што се зачувани во облакот. Со тоа корисниците ќе ги имаат своите слики, но нема да зафаќаат од просторот на уредот.

Ова бришење ќе биде исто така проширено и за сликите складирани на SD картичка, за одредени уреди.

Google Photos е дел од Android оперативниот систем и се ажурира преку Play Store, а можете да ја симнете и преку следниот линк.

Симни ја Google Photos за Android

Покрај промените во апликацијата за мобилните уреди, Google Photos вклучува и уште една промена која што се однесува на системот. Корисниците ја добиваат можноста сликите кои што ги имаат зачувано во оригинална резолуција и се бројат во нивниот достапен простор на Drive, да ги намалат, односно сменат во компресираната резолуција на Google и да станат дел од неограничениот простор.

Ова е корисно доколку некој има заклучено дека квалитетот на сликите е доволно добар или ист и во компресираната форма, па да го ослободи просторот кој што го има на Drive.

Извор: Google+ (John Elstone), The Verge, Engadget

Претходна статијаHuawei Band – Ваш мал фитнес асистент
Следна статијаAsus Z240 е „се во едно“ компјутер кој директно му конкурира на iMac за тронот во класата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.