Google Photos апликацијата за Android добива нов дел за измена на сликите кој доаѓа со изменет кориснички интерфејс и нови функции. Корисниците веќе можеа да ја користат оваа апликација за да прават одредени измени на нивните слики, но сега истото ќе можат да го направат многу подобро, со понапредни алатки, а посебно се истакнува делот кој автоматски ќе ги прави измените врз основа на проценка од машинското учење и видот на сликата.

Во делот каде измените ќе се прават автоматски, на корисниците ќе им бидат понудени неколку видови на измени и додавање на ефекти на сликата, а исто така ќе можат да видат што точно е направено на сликата, по што ќе можат самите да ги зголемат или намалат конкретните промени.

Покрај овој дел, Google Photos ќе продолжи да нуди можност за посебна промена на повеќе елементи од сликата од страна на корисниците. Корисниците ќе можат да направат промена на светлината, контрастот на сликите, да ја изменат бојата, сенките, да ја „пресечат“ сликата и слични други алатки кои се карактеристични за овој вид на апликации.

Посебно корисна и интересна ќе биде алатката Portrait Light, која сепак на почеток ќе им биде достапна само на корисниците на новите Pixel уреди, но најверојатно со тек на време ќе им биде овозможена и на другите корисници.

Се работи за алатка која овозможува корисникот да избере од каде доаѓа светлината на лицето, како и нејзината силина, со што се добива подобра слика за важните „селфи“ слики.

Новите функции на Google Photos треба да се добијат со ажурирање на апликацијата, а како и обично тоа може да потрае неколку недели.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаМакедонија по 6-ти пат ја прославува Светската недела на вселената
Следна статијаОтворени бесплатни работилници за ИТ вештини за деца
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.