Поминаа веќе две години откога Google Photos стана една од најдобрите апликации за менаџирање на сликите на Android уредите.

Истата нуди едноставен дизајн, можност за прегледување на сите слики, како и по албуми, но нуди и додатни функции што ја прават многу корисна. Google Photos овозможува зачувување на сите слики од уредот во облакот, односно во Google Drive, а доколку оставите Google да го одреди квалитетот на сликите, просторот кој следува е неограничен.

Најновата верзија од оваа апликација воведува мала, но корисна функција која ќе помогне во расчистување на главниот екран, а и ќе им овозможи на корисниците „криење“ на сликите кои не би сакале било кој да ги види.

Се работи за можност за архивирање на сликите, со што истите ќе се прикажуваат во посебна Archive папка во апликацијата. Истата е достапна преку менито кое се прикажува од левата страна на апликацијата.

Архивирањето на сликите се прави многу едноставно. Се избира една или повеќе слики, па се притиска на Archive во менито на десната горна страна од апликацијата.

Ова иако делува како мала и неважна функција, може да се најде како корисна во многу ситуации.

Сигурно многу од нас имаат слики како што се слики од екранот на уредот, одредени слики од Viber, Messenger и слично. Овие слики често знаат да ни сметаат во гледањето на сликите кои сме ги сликале со камерата од уредот, а тоа се сликите кои најмногу на интересираат.

Со новата можност, овие слики ќе може да ги тргнеме од главниот екран, па слободно да ги гледаме само сликите коишто не интересираат.

Исто така, оваа можност е добра и за криење на одредени слики, кои не би сакале сите на кои сме им дале да ја гледаат нашата галерија, да ги видат слободно.

Архивираните слики остануваат достапни во албумите каде што припаѓаат, а исто така може да се пребаруваат. Доколку некоја слика сакате да ја вратите на главната страна, истата може слободно да биде тргната од архивата.

Извор: The Verge, 9to5Google

Претходна статијаMeizu M5c е колоритен смартфон од ниската класа
Следна статијаApple App Store има повеќе издавачи со заработка од 1 милион долари од Google Play Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.