Phone апликацијата е можеби меѓу ретките на телефонот на кои корисниците не размислуваат. Тие доаѓаат „вградени“ со телефонот и обично имаат посебни верзии зависно од производителот.

Со оглед на тоа што Pixel телефоните се од Google и работат на чиста и непроменета верзија од Android, на нив е инсталирана Google Phone апликацијата која доби посебни функции изминатите години, инаку претходно беше обична апликација која се користи за правење телефонски повици.

Апликациите како „Phone“ порано воопшто и не ги нарекувавме апликации, а тие доаѓаа интегрирани со оперативниот систем, а можноста да се инсталираат и надградат посебно дојде по одлуката на Google пред некоја година, голем дел од ваквите делови од Android да ги одржува како посебни апликации.

После долго време, Google сега ќе дозволи нивната Phone апликација да може да се инсталира и на други телефони, а не само на нивните Pixel, на кои доаѓа пред инсталирана. Со оглед на тоа што корисниците веќе можат да инсталираат апликации кои ќе ја заменат пред инсталираната Phone апликација на нивниот телефон, тоа не е нешто ново, останува како новина тоа што Google Phone станува достапна за сите.

За почеток достапноста надвор од Pixel телефоните е во форма на бета верзија, а исто така таа и не е достапна баш за сите други телефони. Со оглед на тоа што нема листа на поддржани телефони, нашиот Galaxy S20+ може да ја инсталира, најдобро е да пробате.

За да можете да ја инсталирате Google Phone апликацијата се што треба да направите е да се приклучите на бета програмата на овој линк, каде е достапен и линкот од апликацијата во Play Store.

Шансите се дека нема веднаш да ви биде достапно копчето Install по приклучувањето на бета програмата, па ќе треба да проверувате од време на време наредните денови.

Причината поради која оваа апликација го привлекува вниманието е нејзината можност за проверка на повиците кои ги добивате, а не се дел од вашите контакти и да сепак ви биде прикажано од кого доаѓаат, доколку се од бизниси и слично.

Исто така, оваа апликација може да ве предупреди доколку непознатиот повикувач е спам повик, па воопшто да не се јавите, а и да го блокирате.

Уште една интересна можност на оваа апликација е да директно ги пребарувате броевите на бизнисите во вашата околина, па така, на пример, можете да побарате броеви од пицерии во околината.

Претходна статијаFacebook ќе ги информира корисниците пред да можат да споделат вест поврзана со COVID-19
Следна статијаiPhone 12 ќе дојде со 40% подобрување на процесорската моќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.