Shutterstock.com

Иако се препорачува и е повеќе безбедно да се користат апликациите кои генерираат кодови за дво-факторска автентикација, сепак одредени сервиси кодовите уште ги испраќаат преку SMS. Овие таканаречени OTP – One Time Password кодови можат да се искористат во краток рок, најчесто една минута, по што веќе немаат употреба.

По искористувањето на кодот, SMS пораката останува и доколку како корисник често користите вакви кодови, пораките ќе се преполнат со овие веќе непотребни кодови.

Google, кои веќе нудат можност за копирање на кодот преку известувањето од Messages апликацијата, без потреба од отворање на пораката, работи на решение кое треба да ги „исчисти“ пораките од насобраните кодови.

Замислата е овие пораки автоматски да се бришат после 24 часа од добивањето со што ќе се спречи насобирањето на ваквите пораки.

Оваа нова функција ќе биде дел од новиот „Message Organization“ дел во Settings. Тука корисниците ќе можат да ја вклучат или исклучат „Auto-delete OTP’s after 24 hrs“.

Дел од оваа новина ќе биде и можноста за групирање на SMS пораките по категорија, на пример поделба на лични пораки, трансакции, OTP, понуди и слично.

Google Messages се покажува како одлична апликација која веќе не е само за SMS пораки. Истата овозможува и комуникација преку новиот RCS протокол кој веќе е достапен за корисниците во нашата земја.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаMicrosoft Edge ќе го следи новото темпо на пуштање нови верзии на Google Chrome
Следна статијаОфицијално заврши поддршката за стариот Microsoft Edge, ќе биде целосно тргнат од Windows 10 идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.