Повеќекратно зголемената популарност на видео разговорите овие неколку месеци веќе и не треба да ја споменуваме. Јасно е што направи препораката за седење и работа од дома поради новиот коронавирус, а апликациите кои нудат видео разговори се едни од тие кои најмногу „профитираа“ од ситуацијата.

Google Meet е еден од повеќето сервиси кои нудат видео разговори, а овој сервис од Google е наменет за бизнис корисниците кои плаќаат претплата на Google. Кога ќе се земе тоа во предвид, не е за изненадување дека Google го става во употреба својот развој на вештачка интелигенција за директна корист на нивниот сервис.

Корисниците на Google Meet автоматски имаат вклучено функција која го намалува шумот од позадината со помош на вештачката интелигенција. Истото се прави во „облакот“, односно на серверите од Google, што значи дека разговорот се прикачува на тие сервери, но од Google истакнуваат дека истото се прави со шифрирање и заштита.

Оваа нова функција на Google Meet привлече големо внимание поради својата способност, па може да се каже дека можеби е и најдобрата на пазарот.

На видеото во продолжение можете да видите демонстрација за тоа како функционира оваа нова функција, а ќе се зачудите колку успешно го прави истото.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаМакпетрол: Анализата за екстра лесното гориво го потврди тоа што со години е познато
Следна статијаСурфајте преку игра на Microsoft Edge кога не можете да сурфате на интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.