Корисниците на Google Chrome кои го користат вградениот систем за зачувување на податоци, како што се платежните картички и лозинки, добиваат подобрувања кои ќе им го подобрат корисничкото искуство, но и ќе ја подобрат безбедноста на нивните сметки и картички.

Главната новина која ја најави Google е можноста да се користи биометриска автентикација при внесување на зачуваната платежна картичка во соодветните полиња кога се купува нешто онлајн. Тоа значи дека наместо да при секое купување корисниците го внесуваат својот CSV код, тие ќе може да го внесат еднаш и секој нареден пат автентикацијата да ја прават со својот отисок од прст, на пример.

Со ова се добива подобро корисничко искуство, не мора да се памти или да се вади картичката при секое купување, но и подобра безбедност, поради тоа што картичката не може да ја искористи некој кој има пристап до мобилниот уред и платежната картичка.

Оваа новина е веќе достапна за корисниците на Windows и Mac, а во неделите што следат ќе им биде овозможена и на корисниците на Android.

Втората новина се однесува на подобрување на корисничкиот интерфејс при внесување на зачуваните во Chrome кориснички имиња и лозинки. Сега овој систем ќе ги прикаже во нов изглед податоците кои се само за страната која е отворена и тие ќе може автоматски да ги пополнат сите потребни полиња со еден клик.

ИЗВОРChromium Blog
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕУ ги воведе првите санкции против хакерски групи од неколку земји
Следна статијаNetflix ќе го снима досега својот најскап филм во главна улога со Рајан Гослинг и Крис Еванс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.