Google Chrome оваа недела беше надграден на својата 88-ма верзија, која е достапна на сите платформи каде е достапен прелистувачот. Оваа верзија не донесува некои посебни новини, па таа во главно исправа повеќе безбедносни пропусти, поточно 36.

Главното внимание во оваа верзија го привлекува Flash додатокот кој веќе не е дел од Google Chrome. Почнувајќи со оваа верзија, Chrome веќе официјално не може да пушта Flash содржина која од оваа година веќе и нема поддршка, а Adobe ќе ја блокира преку Flash Player.

Иако мали се шансите дека некој користи Flash, сепак сега може да се знае дека корисниците се нешто побезбедни со тргањето за поддршката за оваа стара веб технологија која сепак ќе остане запаметена како доста небезбедна.

Надградбата на Chrome се прави автоматски, а исто така можете и самите да го направите тоа преку Help > About Google Chrome на десктоп, односно на соодветните продавници за апликации на мобилните.

Со оваа верзија Google исто така ја трга и поддршката за FTP протоколот, нешто што сепак во денешно време се користи преку посебни апликации.

Официјалната листа на промени во Google Chrome 88 можете да ја погледнете на овој линк.

Претходна статијаМислење од ЗИМ за Нацрт концепција за основно образование на МОН од декември 2020
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Безбедносниот појас за 60% ги намалува фаталните последици при сообраќајна незгода
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.