gom-w8-f

Јужнокорејската корпорација Gretech која стои позади ултра популарниот видео плеер GOM Player, официјално ја претставија Windows 8.1 верзијата кој што претставува сериозно голем конкурент на примарниот Xbox Video и неодамна издадениот VLC Media Player кој сѐ уште се наоѓа во бета фаза. Корисниците се трудат да ги избегнат бидејќи не можат да ги заменат другите десктоп плеери кои се богати со повеќе опции за разлика од нив.

Споредено со десктоп верзијата, оваа е малку лимитирана, но сепак ги содржи сите оние клучни функции за да овозможи видео репродукција. GOM Player ги поддржува сите клучни видео формати како што се avi, mp4, mkv и слично. Исто така, интересно е тоа што поддржува нешто што другите плеери го немаат, а тоа се екстерните преводи како smi и srt кои можат автоматски да бидат вметнати и синхронизирани кога се репродуцира видео содржината.

gom-w8-screen

Покрај сите овие клучни карактеристики, самата апликација доаѓа со интегриран менаџер на датотеки кој ќе овозможи бришење, копирање и преместување на вашите фајлови, а околу репродукцијата постои можност за ротирање, промена на големината и соодносот на сликата од видео содржината.

Исто како десктоп верзијата, GOM Player за Windows 8.1 е целосно бесплатен и достапен за преземање директно од Windows Store.

Претходна статијаGalaxy S6 пристигнува во Март со камера од 20 мегапиксели и 4GB RAM
Следна статијаОткријте ги новите апликации со помош на App Info+