Уште една од апликациите на Google доби своја „лесна“ верзија која е наменета за корисниците во земјите каде интернет пристапот не е на задоволително ниво, а и уредите кои корисниците ги користат се често од најниската класа.

Gallery Go е полесна верзија од Google Photos која е наменета за ваквите уреди од овие пазари, а Google ја презентираше во Индија. Оваа апликација е со големина од само 10MB што значи дека воопшто нема да влијае на малиот простор којшто го има корисникот.

Главната карактеристика на оваа апликација е што таа работи без потреба од интернет конекција. Тоа значи дека за разлика од Photos, оваа не е наменета за зачувување на сликите во облакот и заштеда на простор.

Затоа, оваа апликација доаѓа со машинското учење кое е карактеристично за Photos со што корисниците добиваат предност во споредба со користење на обична апликација за прикажување на слики.

Машинското учење ги препознава сликите според видот, па креира автоматски категории за полесно разгледување на колекцијата од слики, категории како, селфи слики, слики од природа, луѓе и слично.

Покрај ова, Gallery Go овозможува и додавање на ефекти на сликите, исто како и Photos, па корисниците можат да ги средат или дополнително изменат и украсат своите слики.

Апликацијата е достапна за сите корисници во светот и можете да ја симнете преку Play Store на овој линк.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНоќно фотографирање со телефон – неколку совети од професионален фотограф
Следна статијаФранција најавува план за вооружување на своите сателити по најавата за формирање на вселенска команда
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.