Windows 10 веќе одреден период има можност за избор на темна тема која ги менува системските апликации во главно црна нијанса. Оваа можност станува се повеќе популарна, а е и една од најголемите новини во најновата верзија од macOS која треба да стане достапна оваа есен.

Проблемот со овој режим на работа е што ги менува само системските апликации, односно тие што доаѓаат со Windows 10, односно тие коишто се направени од Microsoft. Од другите апликации ретко која има можност за вклучување на темна тема, но Firefox е една од тие поретки апликации.

Моментално во верзијата за програмерите, Firefox Nightly, овој прелистувач започна со следење на темата којашто е избрана во Windows 10. Тоа значи дека доколку корисникот ја избере темната тема, Firefox автоматски ќе ја смени и својата тема во темна, со што корисникот нема да има потреба тоа сам да го прави.

Со оглед дека оваа можност моментално е во верзијата за програмерите, остануваат неколку месеци додека истата стане достапна за сите корисници во финалната верзија, а тоа е доколку од Mozilla не решат да не ја вклучат сепак официјално за сите.

Како и да е, со оглед на големата популарност на темните теми, ова е одличен додаток од Mozilla, кои продолжуваат да се „мачат“ за враќање на популарноста и бројот на корисници кои во главно ги има Google Chrome.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаApple претстави нова генерација од нивниот MacBook Pro со големо подобрување во перформансите
Следна статијаСтотици пријавени и 30 победници на наградниот предизвик на VIVAX
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.