Една од повеќе корисните функции кои ги има Google Chrome е автоматската и вградена функција за преведување на веб страните, кога прелистувачот ќе забележи дека страната е на јазик различен од тој којшто го има избрано корисникот на прелистувачот.

Иако од Mozilla ја имаат планирано оваа функција за Firefox, па дури и корисничкиот интерфејс за истата е вклучен во кодот на прелистувачот, тие никогаш не воведоа еден ваков систем. Главната причина за истото е изборот на сервис за преведување, а потребата од ресурси за развој на сопствен.

На помош за оваа ситуација доаѓа Bergamot, проект којшто работи на развој на систем за преведување со машинско учење кој работи на самиот уред од корисникот, а не преку сервери. Bergamot е направен во соработка со University of Edinburgh, а има добиено финансиска помош од 3 милиони евра од Европската Унија.

Главната причина поради која од Mozilla се имаат одлучено за користење на овој систем е неговата работа на уредот на корисникот. Тоа овозможува заштита на приватноста на корисниците, по што се познати од Mozilla со својот Firefox прелистувач.

Заштитата на приватноста доаѓа од тоа што системот за преведување е локално на уредот на корисникот, со што веб страната и текстот не се испраќаат на сервер. Тоа значи дека ниту еден систем нема да знае кои страни ги отвора корисникот, па тоа покрај подобра приватност за сите корисници, овозможува и заштита за тие кои работат со тајни информации.

Не е точно познато кога Mozilla ќе го имплементира овој систем и ќе го пушти за сите корисници, но тој е стигнат до тест верзиите од Firefox. Пример за тоа како ќе изгледа и функционира системот можете да видите на видеото на почетокот од статијата.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаHuawei ќе започне со продажба на Mate X од идниот месец во Кина
Следна статијаСкопје отворено за велосипеди – Пријави се бесплатно на Скопје на точак
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.