Shutterstock.com

Facebook од оваа недела почнува со менување на позицијата на лентата за навигација на својата апликација на Android, поточно лентата која што моментално е на горната страна, веднаш под логото.

Оваа лента ќе биде преместена на долната страна, а кај нас оваа промена се направи, па повторно беше вратена, што значи дека процесот ќе оди постепено и веќе е започнат.

Предноста на оваа поставеност на лентата, која на iOS одамна е на таа позиција, е што апликацијата многу полесно ќе може да е користи со една рака, односно на долната страна палецот може без проблем да стигне до сите икони на оваа лента.

Причината поради која Facebook дури сега се одлучува за оваа промена е најверојатно огромниот број на корисници со телефони со големи екрани кои не овозможуваат баш лесно користење со палецот кога работите се на горната страна од екранот.

Што се однесува до други промени, апликацијата ги нема, односно направена е само промена на позицијата на лентата која што останува да функционира на истиот начин.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаФИТР КРЕАТОН – избрани дигитални алатки за справување со последиците од Ковид – 19
Следна статија5 идеи за фотографии и видео предизвици со Huawei P40 lite и неговата четирикратна камера од 48 MP
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.