Facebook вчера најави нов изглед за Messenger кој вклучува ново лого и нова боја во разговорите. Корисниците исто така сега имаат и поголем избор за бои во разговорите кои самите можат да ги сменат за секој посебен разговор, а најавени се и подобрувања кај реакциите кои може да се прилагодуваат посебно.

Новата боја на логото може да се каже дека ја донесува апликацијата во рамките на боите кои се користат од страна на производите од Facebook, сега за сега најмногу кај Instagram, а со тоа и се оди повеќе во правецот на унифицирање на овие апликации од компанијата.

Од Facebook за понатаму најавуваат „стикери“ кои ќе може да се користат за селфи сликите, како и пораките кои исчезнуваат по одреден период.

Иако од Facebook ова се најавува како промена на изгледот на Messenger, сепак промените се во главно во боите, па корисниците нема да забележат некои други поголеми промени кои ќе треба да учат како се користат или кои ќе им го отежнат корисничкото искуство.

Апликацијата на Windows 10 веќе е надградена, а на Android ние уште чекаме, па како и обично, сите корисниците ќе ги добијат промените во периодот што следи, а се што треба е автоматска или редовна надградба на апликациите.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаSpecs е се што ти треба за да го задржиш фокусот
Следна статијаШто сѐ нудат современите паметни QLED телевизори?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.