Корисниците на Windows Phone, без разлика што го имаат OneDrive, веќе одамна го чекаат претставувањето на официјалната Dropbox апликација. Истото беше најавено на почетокот од Ноември минатата година, а беше резултат на новата соработка помеѓу Microsoft и Dropbox.
Соработката помеѓу овие две компании овозможи да корисниците на Dropbox можат да работат со Office документите од апликацијата, можност за приклучување на Dropbox во Office апликациите, како и можноста за споделување на фајлови преку Dropbox.
Заедно со ова, од Dropbox најавија дека ќе претстават официјална апликација за корисниците на Windows Phone. Ваква апликација веќе одреден период беше достапна на Windows 8, како модерна апликација покрај десктоп верзијата, меѓутоа мобилна верзија не беше ни најавена.
Новата апликација е направена како универзална апликација, што значи дека е истата за било кој уред кој што работи на Windows 8, а понатаму и на Windows 10. Доколку сте корисник на Dropbox на Windows 8, апликацијата можете да ја надградите преку продавницата за апликации и истата сега ќе има унифициран нов изглед каков што им на мобилната верзија.
Инаку, Dropbox за Windows Phone доаѓа со едноставен „метро“ стил на дизајнот. Поделена е во три дела, односно главниот каде се прикажани сите папки, дел само за сликите, како и омилени документи.
Преку апликацијата може да се отвораат слики, документи и видеа, а исто така може да се испрати линк за споделување на фајловите. Во основа, апликацијата е направена во стилот на другите платформи, па корисниците би требал да ги добијат потребните функционалности.
Dropbox исто така подржува автоматско зачувување на сликите од камерата, меѓутоа сигурно повеќето корисници се веќе навикнати тоа да го прават преку OneDrive. Како и да е, изборот е секогаш добредојден, па корисниците ќе можат сега самите да одлучат.
Dropbox е достапна преку продавниците за апликации и можете да ја симнете преку следните линкови.
Симнете ја Dropbox за Windows Phone
Симнете ја Dropbox за Windows 8.1
Извор: Dropbox