Како што можевме да видиме во верзиите од Chrome за програмерите, Google спрема нов дизајн за нивниот прелистувач, дизајн којшто ќе го видиме во повеќе производи од компанијата во периодот што следи.

Новиот дизајн може да биде вклучен и во официјалната верзија, а како тоа да го направите можете да прочитате тука. Како и да е, без разлика дали ќе го вклучите посебно или не, новиот дизајн доаѓа во наредната официјална верзија од Chrome, односно во Chrome 69.

Оваа верзија од прелистувачот треба да стане достапна идниот месец, по што сите корисници ќе го имаат новиот изглед на Google Chrome.

Новиот дизајн целосно го менува изгледот на Chrome. Тој веќе нема да биде со познатата и стара сива нијанса, па ќе биде направен со истакната бела боја низ целиот кориснички интерфејс.

Втората работа која веднаш е забележлива, е промената на лентите кои сега ќе имаат заоблен дизајн, наместо правоаголниот којшто беше карактеристичен за прелистувачот од неговиот почеток.

Во основа, може слободно да се каже дека ова е досега најголемиот редизајн направен на Chrome, а повеќето досегашни беа во правец на негово освежување.

ИЗВОР9to5Google
Претходна статијаКако се снимаат рекламите од големите производители каде се претставува нивната камера
Следна статијаМлади и талентирани ученици редат успеси на натпревари по информатика низ Европа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.