Brave прелистувачот кој започна како прелистувач кој дава посебно значење на приватноста на корисниците и една студија го истакна како најприватен прелистувач на пазарот, продолжува да воведува функции кои треба да ја подобрат приватноста дополнително.

Најновата функција, која треба да стане достапна во финалната верзија од прелистувачот оваа година, треба да го спречи методот за следење на корисниците наречен „fingerprinting“. Според Brave, блокирањето на fingerprinting е многу потешко од блокирањето на колачињата, а многу често може да доведе и до тоа да веб страната не функционира како што треба.

Затоа, нивната нова функција нема да го блокира fingerprinting, туку при секоја посета на веб страна, како и при секое отворање на прелистувачот, ќе се испраќаат малку различни податоци, со што тие што сакаат да ги слеат корисниците нема да можат да го направат тоа. Секоја сесија ќе изгледа како да е од различен компјутер, со што иако нема да биде блокирано, следењето ќе биде неуспешно.

Од Brave во нивниот блог за оваа функција, истакнуваат дека огласувачите поради популарноста на блокирањето на „тракерите“ веќе се почесто се пренасочуваат кон fingerprinting.

Кратко кажано, fingerprinting е следење на корисникот преку негово идентификување врз основа на податоците за хардверот кој го има, верзијата од прелистувачот, резолуцијата која ја користи и слични информации кои не секогаш може да бидат блокирани.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Brave
Претходна статијаД-р Зорица Јовановска: Дигиталните сертификати овозможуваат брз, сигурен и прегледен начин на работа со пациентите
Следна статијаWizz Air ги суспендира сите летови до Италија како одговор на рестриктивните мерки на владата на Италија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.