AV-TEST германскиот институт е можеби најпознат во своето поле, па редовните тестирања кои тие ги прават на големиот број на безбедносни апликации за Windows, дефинитивно се мерка и одлучувачки фактор при одлуката за тоа која од тие апликации да се избере и користи.

Нивното тестирање, односно резултатите кои ги даваат за апликациите, се поделени во три групи. Првата и главна е заштита во која се прикажува успешноста на апликацијата во откривањето на непознати и познати малициозни датотеки.

Втората оценка се однесува на влијанието на ресурсите на компјутерот од страна на апликацијата, односно забавувањето на компјутерот, а третата на лажните, односно погрешните ознаки како малициозна датотека од страна на апликациите.

Секоја група овозможува најмногу 6 поени, што значи дека вкупната оценка која може да ја добие една апликација е 18. Во најновиот тест кој е направен во периодот од март до август оваа година, само една апликација ја има добиено највисоката оценка, односно 18.

Се работи за Avira AntiVirus Pro и оваа апликација покрај тоа што нуди одлична заштита, има најмало влијание на перформансите на компјутерот. Останатите апликации кои нудат добра заштита се блиску со перформансите, но сепак имаат нешто поголем ефект на компјутерот.

Најважното од се, 9 апликации ја добија најдобрата оценка, 6, за заштита на компјутерот. Тие апликации во најновиот тест се следните:

  • AhnLab
  • Avira
  • Bitdefender
  • Comodo
  • F-Secure
  • Kaspersky Lab
  • McAfee
  • Symantec
  • Trend Micro

Останатите на листата сепак не може да се каже дека се „лоши“, па нивните оценки се движат од 5,5 до 5,8.

Она што секогаш привлекува внимание во овие тестови е и тестирањето на Windows Defender од Microsoft, кој доаѓа вграден во Windows 10, па доста корисници се прашуваат дали е доволен за нормално и сигурно користење на компјутерот.

Иако порано Windows Defender добиваше прилично лоши оценки, многу под просекот на другите, сега тој е во врвот, па оценката која ја има добиено за заштита е 5,8. Со ова може да се заклучи дека Windows Defender може да се користи без потреба од дополнителна заштита, па корисниците можат да очекуваат заштита како и од другите апликации.

ИЗВОРAV-TEST
Претходна статијаБез изговори! Правилата во сообраќајот важат и за мотоциклистите
Следна статија5 финансиски совети за млади луѓе (2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.