Корисниците кои имаат Apple уред, а исто така ги чуваат своите лозинки во iCloud, сега ќе можат без проблем истите да ги користат на повеќе уреди, како и тие кои не се од Apple.

Ова и досега беше можност преку користење на други апликации за чување на лозинки, но не беше можно за тие кои сепак сакаат да го користат iCloud.

Од компанијата, како дел од надградбата на iCloud for Windows 10, најавија, а сега и пуштија, додаток за Google Chrome наречен iCloud Passwords. Со тоа корисниците можат да ги синхронизираат и користат сите лозинки кои ги имаат зачувано преку нивниот Safari прелистувач на некој од Apple уредите, односно iPhone, iPad, како и Mac компјутерите.

Додатокот ќе ја има целосната функционалност, како што би се очекувало, што значи дека корисниците ќе можат да генерираат и зачувуваат нови лозинки преку нивниот Windows уред и истите ќе можат да ги користат на Apple уредите.

Ова е мала новина која сепак ќе им го подобри корисничкото искуство на корисниците кои имаат комбинација од уреди, односно не се што користат е од Apple.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаXiaomi поднесе тужба за додавањето на компанијата на листа од страна на Министерството за одбрана на САД
Следна статијаGoogle ќе ги прилагоди нивните апликации и ги спрема партнерите за новите промени во iOS 14
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.