Amazon веќе подолго време го развива и вклучува во своите производи нивниот асистент базиран на вештачка интелигенција, познатата Alexa. Овој асистент е достапен најмногу на звучниците кои ги продава Amazon, Echo, кои корисниците можат да ги користат за повеќе работи, меѓу кои и нарачка на производите од оваа компанија.

Windows 10 како еден од најмногу користените оперативни системи сигурно е местото каде Alexa треба да е присутна, па дури е чудно зошто тоа досега не беше случајот. Како и да е, Alexa сега може да се симне како посебна апликација од Microsoft Store на Windows 10 и да се користи исто како и на останатите уреди.

Со ова Alexa може да се каже и дека ќе биде еден вид на конкуренција на Cortana, асистентот од Microsoft. Сепак, Cortana се’ уште може да направи некои работи кои Alexa на почеток нема да може, како контрола на компјутерот, па јасно е дека донесувањето на Windows 10 е во главно поради достапноста на постојните корисници, а не замена на Cortana.

Ова покажува дека со тек на време овие асистенти ќе стануваат се повеќе популарни. Со развојот на вештачката интелигенција тие се подобро ќе можат да ги разбираат барањата на корисниците, па можеме да замислиме дека иднината нема да биде толку различна од таа замислена во Star Trek на пример.

ИЗВОРPCMag
Претходна статијаЗошто повеќе се сеќаваш на лошите случки (negativity bias)
Следна статијаИзвадете ги точаците, стари и нови! Време е за Скопје на точак
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.