IMG_0133

Доколку сте корисник на Windows Phone сигурно го користите прелистувачот кој што доаѓа со оперативниот систем, а тоа се разбира е Internet Explorer. Овој прелистувач добро си ја врши работата, а е и доста подобрен по претставувањето на 11-та верзија со Windows Phone 8.1. Сепак доколку се спореди со другите платформи, прелистувачот од Microsoft сепак има уште доста простор за подобрување. Другите платформи се исто така познати и по изборот од алтернативни прелистувачи кои што можете да ги користите доколку не сакате да го користите тој што доаѓа со вашиот уред или едноставно сакате да видите што нудат другите.

Иако продавницата за апликации уште заостанува зад другите платформи, изборот на прелистувачи може да се каже дека не е лош. За жал најпознатите прелистувачи како Google Chrome или Mozilla Firefox се’ уште не се достапни, а нема ни најави кога евентуално би биле. Сепак корисниците на Windows Phone не се оставени само со Internet Explorer, па можат да изберат неколку алтернативни прелистувачи. Opera вчера исто така ја најави достапноста на својот Opera Mini прелистувач, во почетокот како бета тест верзија.

Maxthon

Ова е прелистувач од истоимената кинеска компанија кој што порано беше познат по името MyIE2. Популарен кај одредена група на корисници, беше пуштен како прелистувач кој што го користи енџинот од Internet Explorer, со што станува добра алтернатива за корисниците кои што сакаат прелистувач со подобри функции. Исто така познат е по тоа што користи повеќе од еден енџин, па покрај тој на Internet Explorer, односно Trident, го користи и WebKit кој што се користи од страна на Apple, а порано и од Google. Достапен е за Windows, OS X, Linux, Android, iOS и Windows Phone.

maxthon-screens-wp

Доколку едноставноста на Internet Explorer не ви е доволна и сакате прелистувач со повеќе можности за прилагодување и функции, Maxthon сигурно ќе ви се допадне. Кога ќе го вклучите прелистувачот прво што гледате е Quick Access страната на која што можете да поставите страни кои што често ги посетувате. Оваа страна кај другите прелистувачи е наречена Speed Dial, па можеби по тоа има ви е и најпозната. Исто така со повлекување на страните можете да пристапите до вести, познати страни, како и историја на вашето сурфање. Поддржува најавување со сметка за синхронизација со другите платформи. Можете да изберете помеѓу неколку пребарувачи, да ја менувате позадината, да сурфате без прикажување на слики, како и гестови за навигација.

Maxthon Browser е достапен во продавницата за апликации, а можете да го симнете и преку следниот линк.

maxthon-wp-qr

UC Browser

За разлика од претходниот, UC Browder е специјално развиен само за мобилните платформи, па не е достапен за десктоп компјутерите. Сепак, како таков е доста популарен кај корисниците, па често го користат како алтернативен прелистувач на Android и iOS. Исто така вклучува доста повеќе можности за прилагодување, како и функции за разлика од Internet Explorer.

Првата страна кога ќе го отворите е наречена Speed Dial, на која што можете да ги поставите страните кои што најчесто ги посетувате. Со навигација на десната страна добивате пристап до познати страни и други можности. Поддржува промена на позадини, speed mode за заштеда на сообраќај и забрзување на отворањето на страните, можност за зачувување на страни за читање подоцна, отворање на страните без прикажување на слики и слично. Овој прелистувач ви овозможува покрај изборот дали страните да бидат прикажани како да сурфате од мобилен или десктоп компјутер, исто така и од Android или iOS. Исто така UC Browser ви овозможува да ги префрлите симнатите работи преку Bluetooth или преку генерирање на QR код.

uc-browser-screens-wp

Може да се каже дека овој прелистувач го има сличниот пристап како претходниот, па останува на вас да ги пробате и двата, па да одлучите кој повеќе ви се допаѓа. UC Browser е достапен во продавницата за апликации, а можете да го симнете и преку следниот линк.

uc-browser-wp-qr

Surfy

Surfy има нешто поразличен пристап од претходните два прелистувачи, а исто така вклучува платен верзија која чини 1,49 долари за да можете да отворите повеќе од три табови во исто време, како и уште неколку додатни функции. Главниот акцент кај оваа апликација е ставен на сурфањето, па при неговото отворање одите директно на вашата главна страна. Табовите се мали и се наоѓаат на горната страна и се покажуваат како на десктоп прелистувачите. Можете да отворите посебна страна во која што ги имате вашите најчесто посетени страни, а ги вклучува и функциите како приватно сурфање, читање на страните и слично. Surfy вклучува и уште една интересна и корисна функција, а тоа е можноста да префрлате фајлови преку Wi-Fi кога сте поврзани на истата мрежа, со внесување на адреса во вашите прелистувач на десктоп компјутерот.

surfy-screens-wp

Surfy е достапен во продавницата за апликации и можете да го симнете преку следниот линк.

surfy-wp-qr

Претходна статијаFirefox 32 достапен за симнување и надградба
Следна статијаНовиот Asus Memo Pad 7, елегантен тенок и ултралесен таблет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.