abp-logo

AdBlock Plus е еден од најпопуларните додатоци за Firefox и Chrome кој што ги прави веб страните многу попријатни за читање. Се разбира ова не е случајот за секоја веб страна, меѓутоа голем број од страните прават да содржината која што е наменета за читање биде полна со разни реклами кои што често прават да корисниците ја затворат страната.

Намената на овој додаток за прелистувачите е многу едноставна. Ги блокира сите реклами на страните кои што ги отворате, освен тие кои што самите ќе одлучите дека сакате да ви бидат прикажани. Тоа може да биде направено врз основа на одредени реклами или целосно за одредена веб страна.

Додатокот исто така има функција која што овозможува автоматско пуштање на рекламите кои што ги задоволуваат правилата и насоките од заедницата. Оваа функција може да биде исклучена и сите реклами да бидат блокирани.

Според информациите до кои што има дојдено Financial Times, одредени компании плаќаат за нивните реклами никогаш да не бидат блокирани. Тоа се разбира се однесува на поголемите компании како што се Google, Microsoft, Amazon и слични. За Google кои што живеат од реклами, веќе одреден период се верува дека издвојува одредена сума на пари за оваа намена, а новите информации покажуваат дека тоа го прават и повеќе компании.

AdBlock Plus можеби корисен за милиони корисници, сепак претставува проблем за многу сопственици на веб страни. Веб страните најчесто живеат од приходите од реклами, па нивното блокирање се меша во тоа. Сепак, доколку рекламите се прикажуваат на не толку наметлив начин на целата страна, а корисниците се оставени слободно да ја читаат содржината, сигурно тие нема да се одлучуваат за нивно блокирање.

Најголем проблем за веб страните прават рекламите кои што се направени во Flash, технологија која што нема уште многу да постои и ќе биде заменета со HTML5 и слични кои што овозможуваат прикажување на поедноставни реклами без трошење на ресурсите на страната.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаПрвите ѕвезди во Универзумот се формирале 100 милиони години подоцна од досега веруваното
Следна статијаMicrosoft и Samsung го завршија судскиот спор околу плаќањето за патентите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.