Mozilla официјално ја пушти 24-та верзија од Firefox. Истата е достапна за сите платформи, односно за Windows, Linux, OS X  и Android. Што е ново во оваа верзија ?

Десктоп везрзија

–          Поддршка за нов стил на scrollbar за OS X 10.7 и понови верзии

–          Затворете ги сите отворени табови од десната страна. Со оваа опција, кога имате отворено поголем број на табови и сакате да затворите повеќе од нив, сега со еден клик на последниот таб што сакате да остане отворен кликате на Close Tabs to the Right и сите отворени табови десно од кликнатиот ќе се затворат.

–          Можност за отсекување на чет прозорците, за корисниците на социјалните опции на Firefox.

Целосната листа на промени во оваа верзија можете да ја погледнете на http://www.mozilla.org/en-US/firefox/24.0/releasenotes/ .

 

Android верзија

Android верзијата има нешто повеќе новости за разлика од десктоп. Промените се следни:

–          Овозможена поддршката за WebRTC HMTL5 API кое овозможува директна комуникација преку прелистувачот во реално време, како на пример видео повици директно од прелистувачот.

–          Можност за побрзо споделување на содржина. До досегашното Share копче, сега ќе бидат достапни икони од местата преку кои што најчесто споделувате содржина. На пример, доколку често тоа што го читате го испраќате преку е-пошта, сега до копчето Share ќе имате икона од е-пошта програмата преку која што најчесто ја споделувате содржината. Ова доста го забрзува процесот на споделување, односно веќе не мора да стиснете на Share, па потоа ви се отвара Share with прозорецот од Android од кој што треба да изберете преку што би сакале да ја споделите содржината.

–          Можност за споделување на содржина преку NFC

–          Подобрување на вградениот „читач“. Сега може да изберете од различни фонтови, темна покрај светлата позадина и подолго притискање на „читач’ иконата за зачувување на страната во вашата Листа за читање.

firefox24-android reader

За целосната листа на промени во мобилната верзија кликнете на следниот линк: http://www.mozilla.org/en-US/mobile/24.0/releasenotes/ .

Претходна статијаiOS 7 Најновата верзија на мобилниот оперативен систем на Apple
Следна статијаNVIDIA ги објави новите 327.23 WHQL драјвери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.