Screenshot_2014-12-06-20-39-50

Постепено Google го менува дизајнот на нивните апликации според новиот Material дизајн концепт кој што го претставија со Android 5.0 Lollipop. Можеби изгледа како да каснат до некаде, меѓутоа кога ќе се земе во предвид дека поголемиот дел од уредите уште не се надградени на оваа верзија од оперативниот систем, истите ќе бидат доволно брзо средени.

Овој викенд новиот дизајн го добива YouTube апликацијата за оваа платформа. Истата е денеска пуштена, а се очекува да ја добијат повеќето корисници за време на викендот, па доколку веднаш не ја добиете, проверете повторно во текот на викендот.

Во главно се работи за промена на дизјанот на корисничкиот интерфејс според „материјалните“ правила, па апликацијата не вклучува нови функции или други промени. Како што би очекувале главната боја на апликацијата е црвената и истата е истакната на горниот дел од апликацијата. Зависно од каналите кои што ги отворате, бојата може да се промени за да се прилагоди на боите од конкретниот канал.

Апликацијата изгледа одлично, како и сите апликации кои што беа редизајнирани според правилата на Material дизајн.

Доколку веќе ја користите апликацијата, истата ќе можете да ја надградите преку продавницата за апликации, а можете и да ја симнете преку следниот линк.

YouTube за Android

Извор: Android Authority, Gizmodo

Претходна статијаWindows 10 се очекува да биде официјално достапен во втората половина од 2015
Следна статијаЛасери на возовите ќе се користат за чистење на пругата од листови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.