Популарноста на TikTok е толку голема што се очекува да многу други компании ќе се обидат да извадат свој конкурент. Покрај тоа што Instagram е мрежа на која се објавуваат голем број на TikTok видеа, па затоа имаше логика за пуштањето на Instagram Reels, YouTube дефинитивно е другата мрежа која се очекуваше дека ќе се обиде на овој пазар.

Пред некој месец излезе информацијата дека од YouTube работат на нивни конкурент на TikTok, па еве сега тој сервис официјално е претставен и достапен во својата прва, бета верзија, за почеток само за корисниците од Индија.

Сервисот е наречен YouTube Shorts и исто како што направи Facebook со Instagram Reels, ќе биде дел од веќе постојната YouTube апликација, односно нема да биде посебна.

YouTube Shorts ќе функционира како што би очекувале, со оглед на популарниот начин кој го постави TikTok, иако тие не беа првите кои се обидоа со нешто слично. Тоа значи дека корисниците преку Shorts ќе можат да објават кратки видеа од 15 секунди, а тие ќе може да бидат составени и од неколку посебни клипови, снимени во тој момент, но и порано.

При снимањето ќе може да се додаде музика која на YouTube ја има во огромна количина, а од YouTube најавуваат дека изборот со тек на време ќе биде поголем. Покрај тоа, корисниците ќе можат да ја изберат и брзината на видеото, а ќе може да наместат и „тајмер“ за ако се снимаат самите.

Со оглед на тоа дека се работи за бета верзија, можностите се во ограничен број, а со тек на време ќе ги има повеќе, со што YouTube Shorts ќе биде сериозна конкуренција на TikTok, барем од технички аспект.

YouTube Shorts ќе може да се снимаат преку новото копче на YouTube во средината на долната лента „Create“ кое веќе е достапно, кое ќе биде надградено со можности кога сервисот ќе стане достапен за сите корисници.

ИЗВОРYouTube
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРецензија Lenovo E1 робот правосмукалка: Дали еден ваков производ може да ве замени во чистењето на домот?
Следна статијаTikTik продолжува да функционира во САД по избегнувањето на забраната најавена за вчерашниот ден
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.