YouTube апликацијата на телевизорите добива нова анимација која се прикажува при вклучување на апликацијата, како и звук кој ќе ја направи препознатлива. Вакво нешто е карактеристично за Netflix апликацијата, а нема кој не го знае „тудум“ звукот.

Од Google истакнуваат дека првичната идеја зад развојот на новиот звук била да се пушти нешто живописно, привлечно и лесно препознатливо, дури и ако корисникот не гледа кон телевизорот.

За развојот на звукот била ангажирана компанијата Antfood која е позната во САД и има работено со доста други големи компании. Google дава големо значење на новиот звук, па објавата преку која се најавува има детално објаснување за тоа како е развиен секој дел посебно и што треба да им пренесе на корисниците.

Звукот и анимацијата можете да ги погледнете во продолжение, а ако ве интересира деталниот процес на развој, можете да го прочитате тука.

Ажурирањето на апликацијата кај сите корисници ќе потрае неколку месеци, како и обично, што значи не треба да ги очекувате новата анимација и звукот веднаш.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаПанел дискусија: Развивање на работните места од иднината
Следна статијаНовите Twitter сметки нема да можат да се претплатат на Twitter Blue пред истекот на 90 дена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.