YouTube Go, како и уште неколку други апликации со Go додатокот, е полесна верзија од YouTube апликацијата за Android која е наменета за корисниците на послаби смартфони, како и тие кои функционираат на мрежа која не е секогаш добро достапна и интернет пристап со помало месечно ограничување.

Апликацијата беше најавена во 2016, а стана достапна година дена подоцна, а требаше и уште една година додека им беше пуштена на сите корисници на Android.

Очекувано, во 2022 веќе нема толку голема потреба од една ваква апликација, па покрај подобрувањето на перформансите кај послабите смартфони, како и мобилните мрежи, Google истакна дека има направено доволно оптимизација на главната апликација. Сега главната YouTube апликација функционира многу подобро на послабите телефони, а од компанијата најавуваат и посебна алатка која ќе може да се користи од корисниците со ограничен месечен интернет пристап.

Поради ова, од компанијата објавија дека YouTube Go апликацијата веќе нема да биде достапна и нема да функционира од август оваа година. На корисниците им препорачува да почнат да ја користат главната апликација, а со оваа апликација тие ќе добијат и пристап до одредени функции кои не се достапни на Go верзијата, како оставање коментари, објава на содржина и темна тема.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаInstagram тестира прикажување на објавите на цел екран
Следна статијаSamsung ги претстави два пати побрзите UFS 4.0 уреди за складирање податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.