После неколку години на најави, Microsoft конечно ќе ја „пензионира“ нивната Windows Mail апликација која доаѓа заедно со Calendar и People. Причината за ова е позната, а тоа е замената со веќе и не толку новата Outlook апликација.
Официјалната поддршка за Windows Mail ќе заврши на 31 декември оваа година, по што корисниците веќе нема да можат да ја користат. Тие ќе мораат да се префрлат на новиот Outlook, а истото веќе одреден период можат да го направат со „Try the new Outlook“ „прекинувачот“.
Крајот на поддршката ќе значи целосен прекин на апликациите, односно корисниците веќе нема да можат да добиваат и испраќаат пораки, што значи ќе мора да почнат да го користат новиот Outlookили некоја друга апликација.
Од Microsoft истакнуваат дека сите податоци ќе можат лесно да се префрлат во новиот Outlook, односно корисниците нема да изгубат податоци во процесот.
Новиот Outlook треба да ја замени и класичната Outlook апликација која доаѓа со Office, односно Microsoft 365 пакетот. Корисниците веќе можат да ја вклучат новата верзија, а Microsoft не ретко тоа и автоматски го прави.
Бизнис корисниците очекувано ќе имаат нешто подолго време да се откажат од оваа апликација, па Microsoft планира да овозможи поддршка за класичната апликација до 2029 година.
Инаку, новиот Outlook е направен на основа на веб апликацијата од Outlook.com, а покрај модерниот кориснички интерфејс, на корисниците им носи и одредени нови можности како унифицирани сметки, подобра заштита, директно отворање на документи и слично.