На почетокот од овој месец Microsoft официјално ја претстави нивната нова апликација која е замислена да ги собере во една апликациите како Remote Desktop, Azure Virtual Desktop, Windows 365, Microsoft Dev Box и слични.
Во основа, апликацијата наречена Windows App, е замислена да биде едно унифицирано место од каде корисниците ќе пристапуваат до нивните оддалечени компјутери, без разлика дали се работи за бизнис компјутери, сопствени компјутери или компјутери во облакот.
Апликацијата е достапна на сите платформи, односно покрај на Windows, достапна е и на macOS, iOS, iPadOS, преку веб, а во тест фаза е и верзија за Android.
Апликацијата засега е во главно наменета за бизнис корисниците, иако Remote Desktop функцијата е достапна за сите, но другите сервиси до кои може да се пристапи се платени сервиси за компаниите.