Легендарниот Winamp повторно се врати после години на неразвивање и промена на сопственоста, во април оваа година. Очекувано беше дека апликацијата нема да биде само модернизирана верзија од старата, па сега Winamp во главно е место за откривање на нови и независни креатори на музика.

Се разбира, тука е и можноста за слушање на локалната музика на уредот на корисникот, а достапен е и избор на повеќе радио станици од целиот свет.

При пуштањето на новиот Winamp во април, пуштена беше само веб апликација, па сега конечно ги имаме и новите мобилни апликации. Истите се достапни во бета форма на Android и iOS, а за почеток на ограничен број на луѓе.

Мобилната верзија очекувано е скоро иста со веб верзијата, па корисниците на Winamp нема да имаат проблем со нејзиното користење.

Сличности со стариот Winamp скоро и да нема, а тука е и целосно новото лого, па може да се каже дека апликацијата само го носи старото име, но нема скоро ништо од една од најпознатите апликации на деведесеттите.

Линкови до апликациите се достапни во најавата од страна на Winamp на следната објава на Twitter.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаНе се очекува добра продажба на Apple Vision Pro во првите неколку години
Следна статијаНовата апликација од Meta, Threads, се’ уште не може да биде пуштена во Европската Унија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.