WhatsApp за Windows повторно добива нова верзија, по целосниот редизајн кој беше официјално пуштен минатата година. Новата верзија од апликација дополнително го подобрува корисничкото искуство, па може да се каже дека ова е една од најдобро одржуваните апликации на Windows.

Од Meta новата верзија ја опишуваат како побрза, односно со подобрени перформанси при вклучувањето, функционирањето и поврзувањето со другите уреди.

Покрај ова подобрување, групните повици исто така добиваат подобрување, конкретно со до 8 учесници кај видео повиците и до 32 кај аудио повиците. Ова ограничување ќе продолжи да се зголемува во иднина.

Дизајнот на апликацијата исто така добива промена, иако верзијата од минатата година се сметаше како целосно редизајнирана. Сега апликацијата има поголема сличност со мобилната верзија, а тука се и малите детали од дизајн стилот на Windows 11, Fluent Design.

Може да се забележи додавањето на нова лента на левата страна од апликацијата, до листата со разговори, како и дополнителни мали промени во елементите на корисничкиот интерфејс.

Од Meta најавија дека имаат пуштено нова бета верзија за Android таблет компјутерите, како и нова бета верзија за Mac. Сите овие верзии се направени со земање во предвид на дизајн стилот на секоја платформа.

Новата верзија исто така е достапна преку Microsoft Store и може да се инсталира преку овој линк.

ИЗВОРMeta
ИЗВОР 2XDA-Developers
Претходна статијаФормирана нова Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници
Следна статијаTwitter Blue стана достапен во целиот свет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.