Фото: Shutterstock.com

Бета верзијата од WhatsApp на iOS открива нова функција која ќе стане дел од оваа апликација. Наречена „Expiring Groups“, како што може да се заклучи од самото име, ќе овозможи ставање на рок на траење на групните разговори.

Рокот може да биде поставен на еден ден, една недела или корисникот сам да ја избере датата. Достапна е и можноста да се тргне рокот, доколку групата продолжи да е важна за корисникот.

Од тоа што може да се види, поставувањето на рокот е направено како нешто што секој корисник ќе може да го прави за себе, односно истекот на рокот не ја брише групата и не важи за останатите членови. Корисникот кој има поставено рок ќе добие известување, по кое може да се одлучи да ја избрише, односно да излезе од групата.

Ова е доста корисен додаток, а е замислен за ситуациите кога групни разговори се креираат за една употреба, односно за организирање на еден настан, роденден, патување или слично. Овие групи потоа остануваат непотребно во листата на корисникот, па при разгледувањето на разговорите тоа подоцна може да изгледа прилично хаотично.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаiPhone 13 е најпродаваниот телефон минатата година, а Apple држи 8 места на топ 10 листата
Следна статијаRealme C55 доаѓа со „копија“ на Dynamic Island кој Apple го претстави кај iPhone 14 Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.