Фото: Shutterstock.com

Дел од кодот во бета верзија од WhatsApp на Android, откриен од страна на Wabetainfo, повторно ни открива на што работат од компанијата за во иднина. Овој пат се работи за додавање на дел во кој корисниците ќе можат да изберат уникатно корисничко име за нивната сметка.

Од тоа што е достапно не може точно да се знае која ќе биде целта на оваа новина, а и кога може да се очекува да биде официјално пуштена, барем во бета верзиите.

Една од можните намени на додавањето корисничко име е можноста да се зачува приватноста преку неоткривање на телефонскиот број. Корисниците можно е да имаат избор дали сакаат да им се прикажува телефонскиот број, па корисничкото име е тука за да сепак може да се разговоара со нив.

Од друга страна, можеби целта не е сокривање на телефонскиот број, па корисничкото име ќе биде додатен начин на идентификација кој би бил полесен од кажувањето на бројот.

WhatsApp изминатиот период доби неколку корисни новини, како можноста за измена на испратените пораки во рок од 15 минути, како и можноста за заклучување на разговорите за зголемување на приватноста на корисниците кои често го даваат телефонот на други.ф

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПробиен алгоритамот за активација на стариот Windows XP
Следна статијаДознајте како да ги ажурирате поставките за приватност во сите ваши апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.