WhatsApp е една од најкористените апликации за разговори во светот, а една од главните карактеристики и е заштитата на разговорите преку нивно „од-крај-до-крај“ шифрирање. Ова значи дека пораките се достапни само за учесниците во разговорите, но за никој друг, дури не ни WhatsApp, односно Meta.

Апликацијата сега добива дополнителна заштита, која е повеќе поврзана со приватноста на корисниците кои често го даваат телефонот на некого, па не би сакале да одредени пораки бидат видени.

Новата функцијата е наречена Chat Lock и истата донесува можност да одредени разговори се заклучат. Ова значи дека тие разговори нема да се гледаат во листата со пораки и известувањата нема да ја прикажуваат содржината на пораките, како и испраќачот.

За да се дојде до овие пораки треба да се повлече надолу во листата со разговори, по што ќе се прикаже нова папка „Locked chats“. Оваа папка се отвора со користење на лозинката од телефонот, односно со начинот на којшто корисникот го отклучува телефонот. Во ова влегуваат и биометриските информации, па може да се користат и отпечатоците од прстите, на пример.

Разговор може да се заклучи, односно да се префрли во посебната папка, преку влегување во прилагодувањата од тој разговор и избирање можноста за заклучување.

Од WhatsApp за во иднина најавуваат поддршка за оваа нова заклучена папка и на другите поврзани уреди, како и можност да се постави посебна лозинка, односно да не се користи таа од самиот телефон.

Viber, апликација која кај нас се користи многу повеќе од WhatsApp, веќе има слична функција за разговорите, односно можност за нивно „криење“.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2WhatsApp
Претходна статијаПоддршката за iPhone во Phone Link апликацијата сега треба да им е достапна на сите корисници
Следна статијаЕвропската Комисија го одобри купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.