Можеби Viber е попопуларна апликација на нашите простори, но сепак мора да се истакне ваква мала, но многу корисна функција која ја воведува конкурентот WhatsApp.

Сигурно секој од нас имал ситуација да испрати нешто кое сепак не сака да остане, односно сака да ја избрише пораката. Со притискање на пораката, наместо бришење за сите, по грешка се притиска на бришење за себе и пораката веќе е „отидена“ и не може да се избрише за сите.

Со „undo“ можноста за избришаните пораки за себе, WhatsApp ја исправа оваа ситуација, па корисниците добиваат рок од 5 секунди да го притиснат копчето за враќање на избришаната порака.

Потоа, истата може да биде избришана за сите, како што било првично планирано и да не се „трпи“ срамот или што и да е, од останувањето на пораката.

Оваа функцијата е наречена „Accidental Delete“ и беше тестирана изминатото лето, а сега им станува достапна на сите корисници.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаАмериканскиот Сенат едногласно го изгласа законот за забрана на TikTok на владините мобилни телефони
Следна статијаOnePlus ќе претстави механичка тастатура во февруари идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.